Прашања
-
Што е потребно за да добијам кредит од Hipocredit?
За да аплицирате за кредит од Hipocredit, треба да имате најмалку 20 години и да сте државјанин на СРМ. Hipocredit дава кредити со залог на недвижнини, па поради тоа Вие треба да имате право на сопственост на недвижнина во СРМ – стан или куќа.
-
Како да се добие кредит од Hipocredit?
Потребни се само три едноставни чекори:
1. Пополнете апликација за кредит на hipocredit.mk и во рок од неколку часа Вие ќе добиете понуда;
2. Добијте проценка на недвижнината од нашиот овластен проценител и потпишете договор за кредит и договор за обезбедување на хипотека на нотар во време и место кои Вам Ви се погодни;
3. Oткако договорите ќе бидат потпишани и хипотеката ќе биде потврдена во Катастарот, Вие ќе ги добиете средствата на вашата транскациска сметка.
-
Зошто да позајмувам во Hipocredit?
Најпрво, ќе добиете првична понуда за кредит во рок од само неколку часа. Потоа, ние ќе се погрижиме за тоа одобрувањето на документите да биде колку што е можно поедноставно и попогодно за Вас. И последно, ние нудиме кредит до 70% од пазарната вредност на Вашиот имот.
-
Колкав износ можам да позајмам?
Hipocredit нуди кредити со залог на недвижнини до 70% од пазарната цена на Вашата недвижнина. Кредит од 120.000 МКД до 4.000.000 МКД.
-
Колкав е периодот на отплата на Hipocredit кредитите?
Нудиме кредит со рок на отплата од 6 месеци до 15 години.
-
Колку време е потребно да се одобри кредитот и да се добијат средствата на сметка?
Средствата на Вашата сметка ги добивате во просек од 7-10 дена од моментот на поднесување на апликација. Тоа зависи од два фактори: колку брзо Вие ќе можете да се сретнете со овластениот проценител и за колку време локалното одделение на Катастарот ќе ја потврди хипотеката.